На 27 јануари 2023 година се одржа настан за свечено започнување на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија - 2“, на кој што Младински Совет Прилеп потпиша Меморандум за соработка заедно со 9 други партнери од Пелагонискиот регион и Про Локал од Битола.
_thumbnail.png)
Сакате да ја посветите вашата енергија, знаење и време за да го подобрите животот на децата, младите и различните ранливи социјални групи?
Дали сакате да поминете 12 месеци во прекрасен, живописен, средновековен град во една од најмалите, но европски земји?
Дали би уживале во можноста да станете активен дел од локална заедница?
Потребен е волонтер за учество во волонтерски проект во Шкофја Лока, Словенија. Волонтерот ќе биде вклучен во работата на 1-2 организации активни на полето на млади, социјална грижа, превенција и образование (4 Дневни центри за деца и млади, 3 училишта, Проектно учење на млади...).
На тој начин волонтерот ќе има можност да ги покаже и подобри сопствените способности, да развие чувство за иницијатива, да стекне нови вештини и да добие нови знаења преку организирање и реализирање различни активности (работилници, курсеви, индивидуална поддршка, спорт, игри, претстави, презентации, предавања).
Волонтерот ќе биде сместен во стан лоциран на главниот плоштад Шкофја Лока, во еднокреветна спална соба со заедничко готвење, перење. На волонтерот ќе му биде обезбеден месечен надоместок за храна (196 €), месечен надоместок од 150 €, велосипед и билети за јавен превоз (по потреба).
Волонтерот треба да биде мотивиран, флексибилен, трпелив, креативен, слободоумен, самоиницијативен, комуникативен, заинтересиран за работа со деца, адолесценти и да знаат да зборуваат англиски. Способност за музика, спорт, рачни активности, рачни изработки, танци, уметност, мултимедија исто така би биле погодни. Идниот волонтер треба да внесе свои идеи во проектот и да биде подготвен да креира, планира и реализира сопствени проекти.