Нашиот тим на млади лидери е во напредок!
Младите лидери од Младински Совет Прилеп истражувајќи ги границите на своите можности и новите патишта за поврзување и соработка учествуваа на седмата обука од проектот „Зајакнување на младите од Пелагонија 2“.
„Програми за вмрежување и младински можности“ и „Етичко однесување“ беа теми на седмата обука, која што се одржа во Охрид во периодот од 11-ти до 12-ти ноември 2023 година.
Вмрежувањето не е само дејство, туку и начин на живот!
Етичките вредности треба да се мотив и инспирација за секого, а посебно за нашите млади лидери од проектот!
Отворени за нови предизвици, нашите лидери се подготвени да ја искористат секоја младинска можност за креирање на позитивни промени во заедницата.