Изготвени првите секторски анализи на проектот „Младински политики по мерка на младите“
Проектот „Младински политики по мерка на младите“ има за цел вклучување на граѓанските организации во развојот на политики и процесите на донесување одлуки преку соработка и дијалог со властите.
Во рамките на проектот беа изготвени 3 секторски анализи кои можете да ги погледнете и преземете од следните линкови:
- Секторска анализа за локален економски развој во Пелагонискиот регион;
- Секторска анализа за заштита на животната средина и младите во Пелагонискиот регион;
- Секторскa анализa за здравствената и противпожарната заштита на младите во Пелагонискиот регион;
Носител на проектот е Про Локал од Битола, а Младински Совет Прилеп е еден од деветте партнери.
Оваа активност е резултат на проектот ,,Младински политики по мерка на младите”. Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
#civicamobilitas #chinmk