Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.)

Опис на ангажманот

Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој и имплементација на активности поврзани со ЕУ едукација и младинско учество.

-Потребни квалификации

  • Завршено високо образование
  • Минимум 5 години релевантно професионално искуство
  • Искуство во ЕУ политики, младинско учество и/или граѓанско образование
  • Искуство во развој на едукативни материјали и програми
  • Добри комуникациски и фасилитаторски вештини

Предност во процесот на селекција ќе имаат:

  • Сертифицирани Работници со млади (или сертификација во процес)

-Сите заинтересирани може да ја достават следната документација:

  • Лична биографија (CV) во ЕУ форма
  • Предлог теми за модулот за едукација
  • Концепт на прирачникот за симулации на ЕУ институции
  • Финансиска понуда
  • Формулар за достапност

Апликациите се доставуваат по електронски пат на:
📧 This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака: „Пријава за Youth/EU Policy Expert “

📅 Краен рок за пријавување: 14.08.2026 год.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани.

Сите потребни информации поврзани со повикот може да ги најдете на следниот линк: Опис на работни задачи на експертот

 


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.