Промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања“

Промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања“

Отворањето на Младински Центар во Прилеп е потреба на младите, не само неостварена должност на политичарите!

Младински Совет Прилеп, како грантист на проектот "Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија", имаше чест да учествува на промотивен настан кој се одржа во хотел Милениум, Битола, на 31 октомври 2023 година.

Настанот беше посветен на промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното.

Во пријателска атмосфера, дискусијата се водеше околу научените лекции, предизвиците и успесите во мониторингот, како и очекувањата за иднината.

Претставници на локалните самоуправи, граѓанските организации, медиумите и локалните мобилизатори го споделија своето искуство и знаење за процесот на мониторинг на локалните изборни ветувања.

Ние ги претставивме нашите достигнувања, но силно упативме порака до локалните самоуправи дека отворањето на Младински Центар во Прилеп е потреба на младите, не само неостварена должност на политичарите!


Print   Email