„Мобилизација на ресурси/фондови“

„Мобилизација на ресурси/фондови“

Зошто оваа обука е важна за нас како грантисти?

Младински Совет Прилеп, како грантист на проектот „Потпри се на младите“, учествуваше на првата од низа обуки „Мобилизација на ресурси/фондови“, организирани од Junior Achievement, чија цел беше да ги зајакне капацитетите и да ја засили менторската поддршка на граѓанските организации како корисници на грантот.

Зошто оваа обука е важна за нас како грантисти? Преку обуката, се запознавме со видовите на фондови/донатори, алатки кои се користат во пребарувањето на отворени повици, можности за добивање корпоративна поддршка како и индивидуални донации. 

Инвестирањето на своите знаења и време во разбирање на овие аспекти е значајно бидејќи младинските иницијативи и проекти се движечка сила и носат потенцијал да го променат општеството во подобра насока.

Обуката е дел од активностите на проектот „Потпри се на младите“ финансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Македонска развојна фондација за претпријатија, Џуниор Ачивмент Македонија, Rural Coalition - Рурална Коалиција и ЕЛИТ - здружение на жени менаџери.


Print   Email