Јавен повик за членови на Иницијативен Одбор за организација и одржување на Локално собрание на млади на Општина Кривогаштани

Јавен повик за членови на Иницијативен Одбор за организација и одржување на Локално собрание на млади на Општина Кривогаштани

Станете дел од Иницијативниот Одбор на Општина Кривогаштани! 

Општина Кривогаштани објави повик за членови на Иницијативен Одбор за организација и одржување на Локално собрание на млади!

Уште една убава вест - се радуваме да ви споделиме дека обезбедивме административна поддршка на Општина Кривогаштани во подготовката на овој повик, во согласност со процедурите и законските одредби. 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од Иницијативниот Одбор и сакате да имате можност да влијаете на развојот и иницијативите во вашата заедница, ве охрабруваме да се пријавите!

Целосниот повик може да го погледнете на веб страната на Општина Кривогаштани:

https://krivogastani.gov.mk/?p=6231

Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.


Print   Email