Дали знаеме зошто е важно младинското учество?
Младите се двигател на иновација, креативност и промена, нивниот глас има големо влијание врз општеството во кое живеат.
Со младинското учество, младите имаат можност да направат видливи и значителни промени - како за нив, така и за заедницата во која живеат.
Тоа е и причината зошто трета работилница за младите активатори, беше посветена на „Младинското учество“.
На оваа работилница, младите активатори од Општина Кривогаштани се стекнаа со знаења поврзани со младинското учество. Преку интерактивни дискусии, практични вежби и споделување на искуства, учесниците ги открија клучните аспекти на младинското учество и развија конкретни идеи за акции и проекти во нивните заедници.
Ние веруваме дека после оваа работилница, младите активатори ќе имаат поинаква перцепција за важноста на младинското учество и неговото потенцијално влијание. Тие се подготвени и инспирирани да го споделат своето знаење и искуство со своите врсници и да создадат позитивни промени во своите заедници.
Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.