Младински Совет активно учествуваше на „Обуката за модератори на фокус групи“.

Тимот на Младински Совет Прилеп беше дел од транснационален состанок во Даблин, Ирска.
Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!
Младински Совет Прилеп даде значаен придонес на Националната работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки преку фасилитирање и поттикнување на група млади кои работеа на решенија за поквалитетно и посуштинско учество на младите во процесите на донесување на одлуки.
На Работилницата учествуваа млади (на возраст од 15 - 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, локални младински совети и службеници за млади.
Работилницата e дел од проектот „Младите може да бидат слушнати”, кој што го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.
Oд 24-ти јуни до 1-ви јули, во Струга се одржа меѓународна Младинска Размена во рамки на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“. Целта на проектот беше да се зајакне социјалната вклученост преку промовирање на медиумската писменост кај младите кои живеат во руралните области и да се даде можност да излезат од нивната комфорна зона и да учествуваат во неформални активности.