Со цел да ги задоволиме потребите на младите и да им обезбедиме соодветен простор каде ќе можат да се среќаваат, социјализираат и да го поминуваат свое слободно време, започнавме со иницијативата за отворање на Младински Центар во Прилеп.
Преку активностите, им дадовме можност на младите да се информираат за нашата иницијатива и да ги изразат своите ставови и мислења за тоа каков тип на активности треба да нуди еден Младински Центар.
Но и по завршувањето на иницијативата ние не престануваме да ги поддржуваме младите во нашата заедница и да ги заштитуваме нивните права, загарантирани со Законот за младинско учество и младински политики.
На линкот во продолжение, можете да слушнете краткиот поткаст во кој нашата волонтерка Ана ќе ве мотивира да се приклучите на нашата иницијатива: Младински Центар во Прилеп?
Заедно со нас, можете да ги поддржите младите и да ги стимулирате да ги исполнат своите желби и да креираат простор за нив.