Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Работилница „Развој на животни вештини“

Работилница „Развој на животни вештини“

Се одржа првата работилница од циклусот на работилници кои се наменети за младите активатори на Општина Кривогаштани.

На работилницата „Развој на животни вештини“, 10 млади активатори се споени заедно со цел да се оспособат, да ги прошират своите хоризонти и да ги подобрат своите животни вештини кои ќе им помогнат да го променат своето рурално опкружување. Ова е само првата од четирите работилници, но во тек се уште многу предизвици и можности за учење пред нас.

Младите активатори ќе бидат вклучени во циклус од 4 еднодневни работилници кои што ќе бидат на следните теми:

а)Развој на животни вештини;
б)Jaвно говорење, комуникација и тимска работа;
в)Младински активизам и волонтерство;
г)Младинско учество;

Веруваме дека со ново стекнатите вештини и капацитети, младите активатори ќе бидат подготвени да спроведат иновативни локални иницијативи кои ќе го подобрат квалитетот на живот во нивните заедници, односно ќе спроведат работилници каде што младите ќе можат да ги искажат своите ставови, идеи, мислења за предизвиците и потребите со кои се соочуваат во нивните рурални средини

Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.