Здравјето е нашeто најголемо богатство, а одговорноста за негово зачувување и подобрување лежи во наши раце. Секојдневните навики и избори кои ги правиме можат да имаат значително влијание врз здравјето и психолошката добросостојба.
Важно е да сме свесни за значењето на нашите дневни навики и како тие влијаат на нашиот секојдневен живот. Некои од нив имаат позитивен ефект, додека други можат да предизвикаат негативни последици, и тоа не само на физичкото здравје, туку и на нашата ментална и емоционална состојба.
Прифаќањето на последиците од нашите дневни одлуки и навики, како и подготвеноста да направиме промени таму каде што е потребно се прв чекор кон здрави навики.
Здравите навики не се формираат одеднаш, тие се градат со текот на времето. Потребно е да ги прифатиме и одгледуваме позитивните и здрави навики и да не забораваме дека сме ние тие кои што ги создаваме навиките со нашите волји и одлуки.
За да ви помогнеме да го разберете подобро значењето на навиките и нивното влијание, ви го претставуваме новиот поткаст на Милена, волонтер во Радио Пулс, во кој споделува интересни факти и корисни совети кои можат да бидат од помош за сите нас: Како вашите дневни навики влијаат на вашето здравје?
Не пропуштајте го!