Јавното говорење е вештина која често ја среќаваме во разни аспекти на нашиот живот. Но, стравот од јавно говорење може да биде исклучителен предизвик.
Во втората работилница наменета за младите активатори, фокусот беше ставен токму на учење и развивање вештини за јавно говорење - вештини што се неопходни за комуникација и постигнување на нашите цели.
Тимската работа беше исто така нашиот фокус - градење здрави, поодржливи и креативни тимови што може да постигнат неверојатни цели заедно!
Зошто се важни овие работилници?
- Ги појаснуваат и подучуваат вештините потребни за успешно јавно говорење и комуникација.
- Ги ослободуваат од стравот и им даваат самодоверба да настапат пред публиката и да ги изразуваат своите идеи.
- Го подобруваат тимскиот дух и соработката, што е клучно во секое сфера од животот.
Оваа работилница беше неверојатна прилика да ги поддржиме младите активатори да спроведат работилници во нивните рурални средини преку кои ќе можат да ги споделат своите ставови, идеи и мислења за предизвиците и потребите со кои се соочуваат.
Се надеваме дека овие работилници ќе им овозможат самоувереност и сила да го надминат стравот од јавно говорење и да го користат како алатка за постигнување на целите.
Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.