Младински Совет Прилеп е во постојано трагање по иновативни начини за поддршка на младинските иницијативи!
Со цел стекнување на нови знаења и вештини за планирање на организацискиот развој, Младински Совет Прилеп активно учествуваше на обука „Стратешко планирање“, која се одржа во Прилеп во периодот од 16-ти до 17-ти ноември 2023 година.
Обуката не е само можност за наше подобрување, туку има за цел да ги поддржи и останатите организации, грантисти на проектот „Потпри се на младите“.
Стратешкото планирање е клуч за успешно функционирање на организациите, правилно управување со проекти и постигнување на поставените цели.
Обуките за стратешко планирање помагаат во прецизно распределување на ресурсите на организацијата, вклучувајќи ги времето, луѓето и буџетот. Со правилно планирање и алокација на ресурсите, организацијата може да постигне повисок степен на ефикасност и ефективност.
Обуките од овој тип обезбедуваат знаење и вештини за изработка на стратегии, анализа на околината, управување со промените и други важни аспекти поврзани со стратешкото планирање. Ги подготвуваат организациите да се справуваат со динамичните промени во околината. Стратешкото планирање им обезбедува на организациите механизми за брзо адаптирање на промените и развивање на стратегии за успех. Стратешкото планирање им овозможува на организациите да ја преиспитаат својата моментална состојба и да постават реалистични цели.
Во суштина, обуките за стратешко планирање се инвестиција во долгорочниот успех на организациите, креирајќи компетентни и посветени тимови кои се способни да се справуваат со предизвиците и промените во околината.
Обуката е дел од активностите на проектот „Потпри се на младите“ финансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Македонска развојна фондација за претпријатија, Џуниор Ачивмент Македонија, Rural Coalition - Рурална Коалиција и ЕЛИТ - здружение на жени.