Петиција 4 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Петиција 4 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Циклусот на Обезбедување јавна поддршка успешно го завршивме преку спроведување на последниот (четврт) Јавен настан за собирање потписи, предвиден во проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.

Со поддршка на волонтерскиот тим, вклучително и мобилизаторите на заедницата, Младински Совет Прилеп одржа Јавен настан за собирање потписи, четврт по ред, во Центарот на градот, преку кој беше обезбедена поддршка за иницијативата – Отворање на Младински Центар, од 600 граѓани и млади од Општина Прилеп.

На настанот, младите имаа можност да споделат кратки изјави со мотивирачки пораки повикувајќи ги локалните власти да го исполнат своето ветување.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK


Print   Email