Петиција 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Петиција 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Повеќе од 350 млади од Општината ја потпишаа петицијата во знак на поддршка на иновативната иницијативата - Отворање на Младински Центар во Прилеп.

Поаѓајќи од потребата на младите, но и за да обезбедиме поголема поддршка од заедницата за прашањето кое го застапуваме, во Центарот на градот на 20 март 2023 година, Младински Совет Прилеп организираше Јавен настан за собирање на потписи за Отворање на Младински Центар во Прилеп.

На настанот, проектниот координатор заедно со волонтерите од МСП имаа можност да дадат изјави за медиумите и да ја искажат потребата и неопходноста од постоење на овој центар каде што ќе го поминуваат своето слободно време притоа реализирајќи активности од нивен најголем интерес.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK


Print   Email