Previous Next

Состанок со Службеник за млади на Општина Прилеп

Се одржа состанок со Службеникот за млади на Општина Прилеп на кој присуствуваа и мобилизаторите на заедницата.

Целта на состанокот беше да се влијае на Општината за Отворање на Младински центар како дел од иницијативата Зона на млади и на тој начин придонесувајќи кон зголемување на политичката одговорност и транспаретност во локалните заедници.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #CHinMK


Print   Email