Волонтерство и можности за волонтирање

Волонтерство и можности за волонтирање

Волонтерскиот тим на Младински Совет Прилеп организираше работилница „Волонтерство и можности за волонтирање“ за учениците од СОУ „Ѓорче Петров“.

Волонтерството не е само акт на добрина, туку начин на живот што ги менува перспективите и создава вистински врски.

На работилницата, нашите млади лидери не само што ги запознаа учениците со волонтерските можности, туку и ги поттикнаа да размислуваат за значаењето и влијанието што го има волонтерството врз општеството и личниот развој.

За младите, волонтерството е можност за стекнување нови вештини и придонесување кон посилна и одржлива локалната заедница. Волонтерството не е само дејство, туку начин на гледање на светот - каде секој поединец има влијание и може да направи разлика.

Младински Совет Прилеп е тука да ги поддржи и инспирира младите, создавајќи не само активни граѓани, туку и одговорни личности.


Print   Email