Обука за волонтери

Обука за волонтери

На  20 јануари 2023 се одржа ориентациона обука за новата група на волонтери кои сакаат да се вклучат во активностите на Младински Совет Прилеп.

На обуката присуствуваа 16 нови волонтери, кои се здобија со знаења за тоа што претставува младински активизам, форми на младински активизам, волонтерство. Преку интерактивни вежби, младите ги идентификуваат придобивките од волонтерството за општеството, за организацијата, но и за самите себе.

За успешна подготовка и спроведување на активностите во организацијата, вклучување на волонтерите во тековните активности на организацијата, во домашни и меѓународни проекти, Младински Совет Прилеп креираше и усвои програма за волонтерство за 2023 година.

Целите на програмата за волонтерство соодветствуваат со стратешките цели на организацијата. Преку реализација на овие цели ќе придонесеме кон: зголемување на младинското учество на локално ниво, зголемување на младинскиот активизам преку нивно вклучување и ангажман, нивно унапредување како на личен така и на професионален план и кон зголемување на  информираноста на младите на теми кои што се од нивни интерес (младински размени, тренинзи, обуки, стипендии) и други поволности за младите.

За полесно и поквалитетно реализирање на целите на програмата, МСП развија опис на 3 волонтерски позиции:

  1. Програма за еколошки акции – Еко - агенти за иницирање и организирање на еколошки акции. Волонтерот ќе биде одговорен за подготовка, логистика и организација на волонтерски еколошки акции.
  2. Програми за неформално образование - Едукатори за локални едукативни работилници. Волонтерот ќе биде одговорен за организирање и реализација на едукативни работилници за своите врсници на теми поврзани од нивниот интерес (Здрав животен стил, Образование, Кариера, Спорт и рекреација и слично).
  3. Програма „Радио Пулс – Водител на радио поткасти и емисии. Волонтерот ќе биде одговорен за креирање и продуцирање на радио поткасти и емисии од едукативен и забавен карактер.

Print   Email