Работилница за „Подобрување на англискиот јазик кај младите“

Се одржа првата работилница за „Подобрување на англискиот јазик“ предводена од тимот на волонтери - Едукатори за локални едукативни работилници при МСП.

На работилницата присуствуваа ученици од ООУ „Рампо Левката“ - Прилеп со кои се спроведоа нови начини на учење на англискиот јазик преку игра и креативни алатки и на тој начин поттикнувајќи го социо-емоционалниот развој кај децата. На крајот од работилницата, за мотивација и благодарност на учесниците им беа поделени новогодишни пораки.

Овој тип на активности од неформално образование придонесуваат до зголемување на личните капацитети кај младите, поврзувајќи ги младите со заедницата за искористување на можностите за личен развој.

Останете во тек и приклучете се во активностите на програмата за волонтерство создавајќи со останатите млади место каде ќе можете да го поминувате вашето слободно време. 


Print   Email