Конференција на тема: Дигитализација

Конференција на тема: Дигитализација

Локални волонтери на МСП учествуваа на Конференција на тема „Дигитализација“.

Во четвртокот на 31 март во Прилеп, во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ, амбасадата на Франција организираше конференција на тема „Дигитализација“, на којашто учествуваше претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Младински Совет Прилеп даде поддршка во организирање на настанот со учество на 6 мотивирани млади, кои активно се вклучија со давање свои ставови и мислења во врска со темата. Теми на кои се дебатираше во текот на конференцијата се: Регулација на содржината, Обезбедување на фер услови меѓу актерите, Гаранција за европска суверена дигитализација и Ефикасна борба против дезинформации.

По оваа конференција ќе следат уште три до крајот на првите шест месеци од годината, на други теми од Француското претседателство, сите насочени, како што беше и оваа.

Во текот на Конференцијата, говорејќи за дигиталната сфера како основа за напредок, се посочи и на еден од клучните предизвици – големиот обем на дезинформации и брзината со која се шират преку дигиталните платформи и социјалните мрежи. Оние кои стојат зад кампањите за дезинформирање ги злоупотребуваат слабите страни на општеството, ја намалуваат неговата отпорност, ја поткопуваат довербата кон институциите и, за жал, успешно ги продлабочуваат поделбите меѓу луѓето.

Заклучокот на Конференцијата беше дека е потребна медиумска и дигитална писменост и фокус на спроведување на одржлива дигитализација.

 #digitalisation #EuropeanYearOfYouth


Print   Email