Времетраење:
Датум на започнување на проектот: 01.01.2026
Датум на завршување на проектот: 30.06.2027
Општа цел:
Општата цел на проектот е да се овозможи активно вклучување на млади лица преку Европскиот солидарен корпус (ЕСК, придонесувајќи кон заштита на животната средина, одржлив развој, климатска акција и поттикнување на младинското учество во демократскиот живот и процесите на донесување одлуки.
Специфични цели:
Проектот има за цел:
- да ги зајакне знаењата и вештините на младите волонтери во областа на еколошката одржливост и климатските промени;
- да поттикне активно учество на младите во демократски процеси и граѓански иницијативи;
- да промовира европски вредности, солидарност, интеркултурно учење и активно граѓанство;
- да го поддржи спроведувањето на Европските младински цели (EU Youth Goals);
- да овозможи простор за личен и професионален развој на младите преку неформално образование и практична работа;
- да придонесе кон развој на локалната заедница преку волонтерски активности и младински иницијативи.
Целна група:
Главна целна група на проектот се:
- млади лица на возраст од 18 до 29 години од балканот и европските држави ;
- млади кои имаат интерес за екологија, климатска акција и одржлив развој, неформално образование
- млади активисти и волонтери;
- млади кои сакаат да стекнат меѓународно искуство .
Крајни корисници:
Крајни корисници на проектот се младите луѓе во локалната заедница, образовните институции, граѓанските организации, локалните власти и пошироката јавност.
Проектот предвидува директно вклучување на ЕСК волонтери кои ќе работат со стотици млади лица преку различни активности, работилници, кампањи и јавни настани.
Активности:
Во рамки на проектот, ЕСК волонтерите ќе бидат вклучени во:
- организирање и фасилитирање на работилници ;
- активности за подигање на јавната свест за климатските промени и одржливиот начин на живот;
- поддршка при спроведување локални еколошки акции и иницијативи поврзани со рециклирање, енергетска ефикасност и одржливо користење на ресурсите;
- развивање креативни и дигитални содржини за социјални медиуми;
- промоција на EU Youth Goals преку интерактивни младински активности;
- учество во интеркултурни настани и активности за размена на искуства;
- поддршка на секојдневните активности на Младински Совет Прилеп и неговите партнерски организации.
- Снимање на подкасти во радио Пулс
Приоритетни теми на проектот:
Проектот е фокусиран на:
- заштита на животната средина;
- учество во демократскиот живот;
- EU Youth Goals.
Што обезбедува проектот?
На избраните волонтери им се обезбедува:
- Покриени патни трошоци од местото на живеење до Прилеп и обратно
- сместување;
- месечен надоместок за храна и лични трошоци;
- здравствено осигурување;
- Youthpass сертификат по завршување на а волонтерскиот процес ;
- континуирана поддршка од ментор и координатор.
Резултати:
Со реализацијата на проектот се очекува:
- зголемено младинско учество во локални и европски иницијативи;
- подигната свест за еколошките предизвици и климатските промени;
- развиени практични вештини кај волонтерите ;
- зајакната соработка помеѓу младите и локалната заедница;
- промоција на европските вредности и Европскиот солидарен корпус;
- поголема видливост на младинските иницијативи поврзани со одржлив развој и демократско учество.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат условите на програмата ESC можат да се пријават преку испраќање на својата биографија и мотивациско писмо во согласност со условите наведени во повикот.
Биди дел од позитивната промена, стекни меѓународно искуство и придонеси кон поодржлива, поинклузивна и поактивна Европа!

