Новогодишна работилница

Новогодишна работилница

Младински Совет Прилеп, заедно со најмладите од локалното население, спроведоа Новогодишна работилница во просториите на МСП.
На работилницата на која се чувствуваше Новогодишната еуфорија, најмладите декорираа, украсуваа цртаа и се дружеа.

МСП им се заблагодарува на учесниците за нивното присуство и придонес во декорирањето на канцеларијата на МСП, а воедно ги очекува на наредните креативни работилници.
За времетраењето на работилницата, учесниците се придржуваа до мерките за заштита од КОВИД19.

Фотографиите од работилницата можете да ги погледнете тука.


Print   Email