Промоција на млади автори

Промоција на млади автори

Со цел да се афирмираат младите во нашиот град како и нивните креации, Волонтерскиот сектор при Младински Совет Прилеп организираше настан за Промоција на млади автори - писатели

од град Прилеп, на 30.10.2016 во Кафе Вирус. Атмосферата беше одлична почнувајќи со нашата ценета гостинка и реномирана писателка од град Прилеп, Мирјанка Р. Селчанец, која го сподели своето писателско искуство на младите автори, но и ги охрабри да не се откажуваат од сонот на пишаниот збор. Автори кој се претставија со нивните дела и зборови на овој настан беа: Симона Паскоска, Елена Ристеска, Маја Атанасоска, Деспина Силјаноска, Јуле Атанасовска и Мартина Соколоска, придужени со музика од страна на Андреј Јовановиќ и Димитар Радески. Волонтерскиот сектор на Младински Совет Прилеп се одлучи на ваква активност затоа што нема многу шанси за истакнување и промоција на младите луѓе од градот кој се занимаваат со пишаниот збор, ценејќи го трудот на авторите им обезбедија еден настан како овој. Голема благодарност и до поддржувачите на оваа промоција, кои беспрекорно соработуваат со Младински Совет Прилеп, а тоа се: Месарница Марфил, Печатница АцеТони како и домаќините Кафе Вирус. Благодарност до организацијата, учесниците и публиката кои беа дел од оваа промоција. Младински Совет Прилеп уште еднаш се докажа како веродостојен партнер на младите луѓе, и во иднина ќе продолжи со уште поголеми нешта.


Print   Email