🤝📚Во изминатиот период, Младински Совет Прилеп имаше можност да придонесе кон проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ преку менторска поддршка на ученичките заедници од три средни училишта во Прилеп.
Наш претставник од Младински Совет Прилеп - Марија Ташкоска обезбеди менторска поддршка на учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Ѓорче Петров“ и СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ - Прилеп, притоа реализирајќи серија интерактивни работилници посветени на комуникација, тимска работа, истражување и планирање ученички иницијативи.
Во текот на менторскиот процес, учениците ги истражуваа предизвиците во своите училишта, собираа мислења од своите соученици и развиваа идеи за иницијативи кои одговараат на реалните потреби на нивните училишни заедници.
Покрај стекнатите знаења, менторскиот процес ги поттикна учениците да преземат одговорност за своите идеи, да работат тимски и да ја препознаат важната улога што ја имаат ученичките заедници во создавањето на поинклузивна и поподдржувачка училишна средина.
Ни претставуваше чест што бевме дел од овој процес и што работевме со мотивирани млади луѓе кои покажаа креативност, одговорност и искрена желба да придонесат за подобрување на своите училишта. Иницијативите што беа развиени за време на работилниците претставуваа почеток на следната фаза од проектот, во која учениците ги реализираа своите идеи.
Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина, поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за Социјални Иновации.

