Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Зајакнување на младинското учество преку обука за застапување

Зајакнување на младинското учество преку обука за застапување

Во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“, беше реализирана обука на тема „Застапување и учество во носење одлуки“, насочена кон унапредување на капацитетите на младите и граѓанските организации за активно вклучување во процесите на донесување одлуки и застапување на младинските интереси на локално ниво.

Обуката овозможи продлабочено запознавање со законската рамка за младинско учество и младински политики (ЗМУМП), со посебен фокус на механизмите што овозможуваат структурирано и ефективно вклучување на младите во креирање локални политики. Преку интерактивни методи на работа, дискусии и симулации на комуникација со носители на одлуки, учесниците ги унапредија своите практични вештини за застапување, аргументирање и преговарање.

Посебен акцент беше ставен на улогата и функционирањето на Локалниот младински совет, како значаен механизам за младинско учество на локално ниво. Учесниците работеа на креирање акциски насоки за понатамошни чекори, како и на идентификување на потребната менторска поддршка и идни обуки со цел обезбедување одржливо и ефективно младинско вклучување.

#CHinMK #CivicaMobilitas 


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.