Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, во Кичево се одржа јавна дебата во рамки на иницијативата „Вработување по заслуга, без парична мотификација.“
Оваа активност е една од петте локални антикорупциски иницијативи спроведени во повеќе градови во Македонија, координирани и менторирани од Младински Совет Прилеп кои имаат за цел да се справат со клучните предизвици поврзани со интегритетот на локално ниво.
Иницијативата во Кичево се фокусираше на спречување на корупција и непотизам при вработување и промовирање на фер и транспарентни практики на вработување. Заедно со младите, граѓаните, институциите и медиумите, се отвори простор за дијалог, споделување искуства и дискусија за конкретни решенија – охрабрувајќи ги младите да зборуваат и да бараат еднакви можности за сите.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.

