Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Втора дводневна обука во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“

Втора дводневна обука во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“

Во рамките на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, успешно беше реализирана втората дводневна обука за млади претставници од Прилеп и Крушево, членови на Локалните Младински Совети и Локалните собранија на млади.

Обуката се фокусираше на мапирање на младинските потреби и застапување во локалната заедница. Учесниците се запознаа со методи за идентификување приоритетни потреби на младите, собирање и анализа на информации од заедницата, подготовка на аргументирани препораки и ефективно застапување пред локални институции.

Овој процес е дел од активностите за јакнење на капацитетите на Локалните Младински Совети, со цел младите да учествуваат поактивно во локалните процеси и да придонесат кон подобрување на локалните политики и услуги за младите.

Учениците покажаа голема посветеност и мотивираност, што ја потврдува важноста на младинското учество и активното вклучување на младите во заедницата.

Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

#јасграѓанинот


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.