Во рамки за унапредување на младинското учество на локално ниво, формираниот Иницијативен одбор во Крушево одржа работен состанок со цел да го подготви распишувањето на јавен повик за формирање Локално собрание на млади.
Локалното собрание на млади претставува првиот и основен чекор кон создавање Локален младински совет – формално тело кое ќе овозможи младите да бидат активно вклучени во процесите на донесување одлуки и застапување на младинските интереси пред Општината и релевантните локални институции.
Со овој состанок, Иницијативниот одбор го отвори процесот кој ќе овозможи младите во Крушево да се здружат, да предложат идеи, да изберат свои претставници и преку советот да придонесат за подобрување на заедницата.
Во наредниот период ќе следува распишување на јавен повик за избор на членови на Локалното собрание на млади. Сите млади лица, младински организации, културно-уметнички друштва, спортски клубови, неформални групи и други здруженија кои работат со млади се поканети активно да се вклучат во овој процес.
Останете информирани за сите следни активности и повици преку нашата веб-страница и официјалните профили на социјалните мрежи.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
#ЈасГраѓанинот