Децата поминуваат најголем дел од денот во училиште, така што често доаѓа до ситуации каде што тие јадат нездрава храна која е недоволно хранлива и им штети во постигнувањето на добри резултати во училиштето.
Здравата храна е основен столб во развојот и образованието на децата и може да им обезбеди да се сконцентрираат полесно и да го постигнат својот најголем потенцијал во учењето. Кога децата имаат доволно енергија и правилна исхрана, нивните постигнувања се подобруваат.
Земајќи ги во предвид овие аспекти, темата за бесплатен оброк за секој ученик е непрекинато актуелна и предизвикува дебати и обиди за подобрување на образованието и социјалната инклузија.
Секој ученик има право на бесплатен оброк во училиште. Оваа иницијатива не само што ги обезбедува децата со храна за време на нивните активности во училиште, туку и го намалува финансискиот натпревар меѓу родителите и разликите меѓу учениците од различни социо-економски средини.
За да ја поддржиме и подигнеме свеста за иницијативата, во продолжение Ви го претставуваме поткастот во кој што Милена, волонтер во Радио Пулс, изнесува свои ставови и дава одговор на најпоставуваните прашања за добивање на бесплатен оброк на секој ученик која се спроведува од ,,Здружение за едукативен развој Еквалис”: Зошто е потребен бесплатен оброк за секој ученик?
Потпиши ја петицијата, затоа што - ГЛАДЕН НЕ СЕ УЧИ!
Петицијата е достапна на следниот линк: Бесплатен оброк за секој ученик