Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Повик за локални волонтери во Младински Совет Прилеп

Ако сакате да бидете дел од Младински Совет Прилеп:

Пријавете се на следниот линк: https://forms.office.com/e/zrWQFH9yky изберете волонтерска позиција и пополнете ја вашата апликација.

Презентациите од волонтерските позиции можете да ги погледнете тука:

Секоја нова генерација носи нова енергија и ентузијазам.
Да се биде дел од Младински Совет Прилеп значи да се ужива во извонредна авантура.
Можеби досега не сте биле во можност да волонтирате во Младински Совет Прилеп, затоа сега можете да го направите тоа и да се вклучите во нашиот Волонтерски тим за заедно да ја оствариме нашата заедничка цел.

Преку вашето волонтерство, вие ќе се стекнете со поголеми знаења, а воедно и ќе развиете вештини за планирање, организирање, но и лидерски вештини преку водење на радио емисии во рамки на младинското радио „Пулс“, основано од страна на МСП. Покрај тоа, волонтерите имаат шанса за учество во голем број локални работилници, дискусии и обуки, а воедно и во учество на размени во и надвор од земјата.

Волонтирањето е многу важен дел од процесот на формирањето на личноста. Преку волонтирање личноста корисно го троши своето слободно време, ги усовршува своите вештини и способности, се вклучува во тимска работа, го проширува кругот на пријатели, помага таму каде што е потребна помош, придонесува за развој на општеството итн.

Можност за волонтирање во радио „Пулс“

Можност за волонтирање во радио „Пулс“

Младински Совет Прилеп објавува повик за 2 волонтерски позиции во рамки на Пулс Радио:

Задачи на волонтерите:

Отворен повик за волонтери во Радио „Пулс“

Отворен повик за волонтери во Радио „Пулс“

Младински Совет Прилеп

Објавува повик за 2 волонтерски позиции во рамки на Пулс Радио

Publish modules to the "offcanvs" position.