Младински Совет Прилеп
Објавува повик за 2 волонтерски позиции во рамки на Пулс Радио
Задачи на волонтерите:
- Планирање и креирање на радио активности;
- Објавување на артикли поврзани со работата на радиото на веб страната и социјалните медиуми на истото;
- Соработка и комуникација со локални млади волонтери за потребите на програмското работење во радио Пулс;
- Поддршка во тековни програмски активности на МСП и Пулс Радио.
Што добиваат волонтерите?
Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на програмски активности на проекти и работа во интернет радио. Ќе биде одржана и еднодневна обука за работата во радио Пулс.
Секој од волонтерите ќе има активности во текот на работната недела (понеделник до петок) во периодот 10 – 15 часот во времетраење од два месеци (Ноември – Декември 2020 година). Волонтерскиот ангажман за наведениот период е без надоместок со можност за понатамошно нивно ангажирање согласно вештините и компетенциите кои ќе ги докажат за време на волонтерскиот период.
Услови и критериуми за пријавување:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Минимум завршено средно образование:
- Солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации и работа на интернет);
- Солидно познавање на Англиски јазик.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија(на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации и интернет како и вештини поврзани со работа во радио;
- Мотивациско писмо
Документите треба да се достават на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. не подоцна од 30 октомври 2020 година (петок). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат: Волонтер во Младински Совет Прилеп и Пулс Радио.
Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.
Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.