Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организираме студиска посета во Босна и Херцеговина со цел да ги зајакнеме знаењата и вештините на младите во областа на антикорупцијата.
Преку оваа посета, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со регионални најдобри практики и успешни модели на антикорупциски иницијативи. Размената на искуства ќе овозможи продлабочување на разбирањето за ефективни стратегии во борбата против корупцијата.
Ако сакаш да го зголемиш своето знаење и си подготвен да се ангажираш во антикорупциски иницијативи, ова е твојата шанса!
Не ја пропуштај оваа можност – пополни ја формата и приклучи се!
Оваа активност е поддржана од проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија финансиран од Европската Унија и СЕЛДИ нет. Искажаните содржини се единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразуваат гледиштата на Европската Унија и СЕЛДИ нет.