ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИ
на возраст од 18-29 години од општините: Битола, Ресен, Могила, Новаци, Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Демир Хисар и Крушево во проектот
МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ
КОЈА Е УЛОГАТА НА МЛАДИТЕ?
Младите кои ќе се пријават на повикот ќе учествуваат во работата на Регионалната Платформа за МЛАДИ и во локални работни групи каде што заедно со општините ќе ги мапираат младинските потреби во сектори релевантни на општинските надлежности.
Младите, преку овој проект, ќе имаат можност да учествуваат на:
- Состаноци со Советот на општината и локалната администрација,
- 2 работилници,
- 1 тренинг,
- 3 состаноци на Регионалната Платформа и
- 3 настани од јавен карактер со поголема видливост: Тематски Форум, Регионална конференција за млади и Завршна Конференција на проектот.
Дополнително, младите ќе бидат дел и од промотивни активности на социјалните медиуми и настани за вмрежување и застапување со претставници на Парламентот, Агенцијата за спорт и млади и други организации кои работат во областа млади на национално ниво.
Секој учесник ќе има можност да работи на креирање и имплементација на проект од мал обем од интерес на младите во својата општина.
Патните трошоци и трошоците за сместување на учесниците се покриени од проектот.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните млади потребно е да испратат:
- Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и место на живеење и
- Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот
на следната емаил адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 02.12.2024 година.
Целосниот повик може да го погледнете во прилог.