Младински Совет Прилеп објавува Јавен повик за набавка и инсталација на фотонапонска централа од 3Kwh до 4kwh.
Младински Совет Прилеп како енергетска задруга поддржана со програмата „Формирање на енергетски задруги во Македонија“ која ја спроведува Институтот за развој на заедницата со поддршка од Германската државна фондација за заштита на животната средина DBU, објавува Јавен повик за набавка и инсталација на фотонапонска централа од 3Kwh до 4kwh.
ОПИС НА БАРАНАТА УСЛУГА
Услугата од економскиот оператор предвидува набавка и комплетна инсталација на фотонапонска централа од 3Kwh до 4kwh, на кров на објект лоциран во Прилеп. Економскиот оператор исто така ја презема одговорноста за транспорт, подигнување на неопходните материјали како и поставување на фотонапонската централа на кровот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР
- Докажано искуство во инсталација на фотонапонски централи
- Усогласеност со законската регулатива и стандарди
- Компетитивна цена и детален преглед на трошоци
- Можност за завршување на проектот во утврдената временска рамка
ПОСТАПКА И ПРАВИЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, РОК И ИЗБОР
Овој повик е јавен.
Заинтересираните економски оператори може да се пријават на Јавниот повик на:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
со назнака: ,,Понуда за фотонапонска централа”
Со доставување на следнава документација:
- Писмо за интерес
- Финансиска понуда
- Тековна состојба на правниот субјект (не постара од 6 месеци)
- Портфолио на претходно реализирани проекти за изведување на работи за инсталација на фотонапонски централи
- Најмалку 2 референци од клиенти
- Изјава на апликантот за одржување на системот во период од најмалку 1 година
Краен рок за доставување на пријавите е 31 јануари 2024 година, најдоцна до 16:00 часот.
Краен рок за доставување на пријавите е 07 февруари 2024 година.
За прашања поврзани со повикот може да нѐ контактирате на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 28.01.2024 година.
ДОКУМЕНТИ ОД ПОВИКОТ:
Целосен ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАБАВКА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ФОТОНАПОНСКА ЦЕНТРАЛА (3Kwh до 4kwh)