Младински Совет Прилеп објавува
Повик за координатор на волонтери од Европски Солидарен Корпус
Младински Совет Прилеп како акредитирана организација за работа со Европски Солидарен Корпус (ЕСК) проектите е во потрага по нов член кој ќе се придружи на тимот и ќе го координира ЕСК секторот во организацијата.
Опис на работни задачи:
- Комуникација со партнерските организации кои ги испраќаат волонтерите;
- Подготовка на волонтерите пред да пристигнат во Македонија;
- Учество на почетната обука на волонтерите ;
- Подготовка на неделна програма соодветна на потребите на волонтерите и организацијата;
- Следење на развојот и стекнувањата на волонтерите;
- Организација на координативни и евалуациски состаноци со волонтерите;
- Обезбедување техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат во склоп на активностите на волонтерите;
- Координирање на ЕСК менторите;
- Промовирање на активностите на волонтерите на веб страна и социјални медиуми;
- Поднесување на месечни извештаи до организацијата;
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома се смета за предност, но не е задолжителна;
- Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински проекти;
- Познавање на Еразмус+ и Европски Солидарен Корпус;
- Да има искуство во координирање/поддршка на група на волонтери при спроведување на проекти;
- Да има познавања на проектниот менаџмент;
- Способност да придонесува и работи во тим;
- Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
- Добро развиени комуникациски и фасилитациски способности;
- Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик;
Што нудиме?
- Динамична, инспирирачка и флексибилна работна средина;
- Тим составен од млади, спремен да ве поддржи во работата;
- Обука за Еразмус+ и Европски Солидарен Корпус;
- Можности за напредување и развивање на сопствени идеи;
- Стабилен работен ангажман со полно работно време од понеделник до петок (вкупно 40 часа);
- Финансиски надоместок;
Аплицирање:
Испратете кратка биографија (CV) на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака „ЕСК Координатор“.
Краен рок за аплицирање:
09.02.2024
Само апликантите кои ги задоволуваат критериумите ќе бидат контактирани за дополнително интервју.