ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Сакате да бидете дел од промената во општината?

Ви претставуваме можност да се приклучите кон Локалниот младински совет на Општина Кривогаштани!

Зошто да се приклучите?

Локалниот младински совет е можност каде што вашите идеи и предлози имаат влијание! Имате можност да влијаете врз одлуките кои се однесуваат токму на вас.

Локалниот младински совет има значајна улога за младите од заедницата, и треба да има разбирање за проблемите на младите, за барањата кои младите ги имаат, да им овозможи да се слушне нивниот глас и да бидат препознаени од страна на младите.

Улогата на Локалниот младински совет

  • Да ги консултира младите за младински прашања и приоритети;
  • Да ги информира младите за донесените измени и одлуки од страна на Советот на Општината за прашања поврзани со младите;
  • Да го поттикне и промовира активното граѓанско и учество на младите;
  • Да ги вклучува младите во донесувањето одлуки за младински прашања;
  • Да промовира меѓусебна почит и разбирање за младите, промоција на инклузија и диверзитет.

Видете го целиот повик тука: https://krivogastani.gov.mk/?p=6322

Рок за пријавување:  31.01.2024

Со гордост објавуваме дека Младински Совет Прилеп, во соработка со Општина Кривогаштани, обезбеди техничка и административна поддршка при подготовка на овој процес.

Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.


Print   Email