Младински Совет Прилеп објавува
Повик за ментор на волонтер од Европски Солидарен Корпус
Што е ментор во Европски Солидарен корпус?
Менторот е клучен чинител во Европски Солидарен Корпус (ЕСК): неговата/нејзината улога е да му обезбеди на волонтерот „лична поддршка за времетраењето на волонтерската активност“, што е една од главните причини за успех на секој волонтер.
Улогата на менторот е како невидлива - сенка - но секогаш присутна. Менторот е потребно да му обезбеди на странскиот волонтер социјална, емоционална и културна поддршка, како и поттикнување и оценување на процесот на учење и создавање атмосфера на поддршка и доверба во поставување на целите на волонтерот.
Не постои успешно волонтирање во ЕКС проект без ментор!
Задачи на менторот
- Поддршка на волонтерот при интегрирање во локалната заедница, при запознавање со други млади, да се дружи и да учествува во слободните активности на волонтерот;
- Поттикнување за воспоставување на контакти и соработка со други ЕСК волонтери секогаш кога е можно;
- Поддршка на волонтерот во неговото професионално и лично развивање;
- Споделување искуства и знаења, креирајќи позитивно влијание;
- Поддршка во конфликтна ситуација, како и во комуникацијата помеѓу волонтерот и локалната средина или организацијата домаќин;
- Поддршка во случај на сериозна несреќа, контакт со организацијата што испраќа, неговите/нејзините најблиски (ако е потребно) и/или контакт со осигурителната компанија (ако е потребно);
- Поддршка на волонтерот при само-рефлексија за резултатите од учењето преку проектот на ЕСК (преку употреба на Youthpass платформата);
Профил на ментор
- Мотивиран;
- Емпатичен;
- Одговорен;
- Активен слушател;
- Отворен ум;
- Флексибилен;
- Способност за прифаќање на различностите;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Свесен за улогата, задачите и обврските и одговорноста кон волонтерот и организацијата домаќин;
Придобивки на менторот
- „Патување без движење“: ќе добиете шанса да откриете друга култура, да го видите светот од нова перспектива, па дури и да ги практикувате и развиете вашите јазични вештини;
- Учење: размена и зголемување на вашите вештини и искуства со волонтерот;
- Комуникациски вештини: односот помеѓу ментор и волонтер е чувствителен и важен. Градењето доверба и поврзаност бара добри комуникациски вештини.
Како да се пријавите:
Пополнете го формуларот на следниот линк: https://forms.office.com/e/gsr9K1S2CK
Рок за аплицирање: 01.02.2024