Јавен повик за делегати и заменици делегати на локално собрание на млади во општина Кривогаштани

Јавен повик за делегати и заменици делегати на локално собрание на млади во општина Кривогаштани

Дали си подготвен да бидеш дел од Локалното собрание на млади на Општина Кривогаштани?

Иницијативниот Одбор на Општина Кривогаштани те бара точно ТЕБЕ! 

Што треба да знаеш?

  • Локалното собрание на млади е нов предизвик кој ќе придонесе кон зголемување на учеството на младите во општината и локалната заедница.
  • Младинскиот Совет Прилеп, повторно е тука во обезбедување на поддршка во процесот.

Локалното собрание за млади претставува тело кое е составено од еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младнски организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за  кандидирање на членови на Локалниот младински совет на Општина Кривогаштани и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Види го целиот повик тука: https://krivogastani.gov.mk/?p=6265

Споделете го линкот со вашите пријатели и поддржете го процесот на формирање на Локалното Собрание за млади!

Проектот „Младинско учество за одржлив развој на руралната заедница“, спроведуван од Младински Совет Прилеп, е финансиран од Европска Унија, преку проектот „Потпри се на младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје.


Print   Email