Повик за волонтер во Италија

Повик за волонтер во Италија

Те интересира работа со млади? Сакаш да волонтираш во Италија?

Младински Совет Прилеп споделува можност за волонтирање во Молфета, Италија, во времетраење од 10 до 12 месеци.

Времетраење: 10 - 12 месеци, започнување што е можно поскоро

Локација: Молфета, Италија

Волонтерот ќе биде одговорен за поддршка и подготовка на активности во Општина Молфета (активности со млади), „ИТЕТ Училиште“ (активности со средношколци), „Училиште Батисти-Пасколи“ (основно училиште - градинка), лоцирано во Апулија.

 Услови за учество:

  • Кандидатот треба да има над 18 години и да е регистриран на порталот ESC;
  • Да биде мотивиран и посветен на волонтерската активност;
  • Заинтересиран за темата на проектот;
  • Минимум Б1 ниво на англиски јазик. Познавањето на италијански јазик е плус.

Технички детали:

Сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.


Print   Email