Тимот на Младински Совет Прилеп беше дел од транснационален состанок во Даблин, Ирска.
На состанокот се разговараше за понатамошните активности во проектот како и за останатите транснационални состаноци во Полска и Македонија.
Состанокот се реализираше во период од 25 до 28 октомври во Даблин, Ирска и учествуваат претставници од партнер организациите на проектот „Introduce Youthself“.
Младински Совет Прилеп е партнер на проектот „Introduce Youthself“, чиј координатор е Associacio Prosec, финансиран и поддржан од Шпанската национална агенција за образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус +, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации.