По повод 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството, организиравме настан „Инспиративни разговори за волонтерството“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА.
Со радост ја поздравивме Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која ги охрабри младите да се вклучат во волонтерски активности и да бидат катализатори на позитивни промени во заедницата.
На настанот, зборуваа и успешни личности од Прилеп – Игор Трпчески, Ангела Стојческа, Елизабета Филипоска и Андреа Гагалеска, кои споделија инспиративни искуства и ја нагласија важноста на волонтерството како клуч за личен и општествен развој.
Волонтирањето е многу повеќе од помагање – тоа е создавање на подобра иднина и промена на животите на поединците и заедницата. Нека оваа средба ни биде поттик да продолжиме да инвестираме во заедницата и да инспирираме нови генерации на млади лидери!