Младински Совет Прилеп е секогаш тука за нова соработка со училиштата и училишните организации!
Со гордост објавуваме дека Младински Совет Прилеп стана локален ментор за поддршка на училишните организации на три училишта: ООУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод, СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп и СОУ „Кузман Јосифоски - ПИТУ“ - Прилеп.
Преку циклус од 3 работилници до крајот на годинава, ќе ги зајакнеме капацитетите на ученичките организации како и ученичките правобранители во планирање и реализација на училишни активности.
Секој ученик заслужува квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина!
Да создадеме заедно училишта кои ги поттикнуваат талентите и го развиваат потенцијалот на нашите идни генерации!