Со гордост сакаме да споделиме дека Младински Совет Прилеп стана член на ИРИС мрежата!
ИРИС е единствената регионална мрежа која ги соединува граѓанските здруженија од областа на социјална заштита во југоисточна Европа и го зајакнува квалитетот на нудење на социјални услуги.
Основната цел на мрежата ИРИС е да ги поврзи организациите но и да ја зајакне улогата на граѓанските организации како даватели на социјални услуги низ Југоисточна Европа и да создаде средина во која овие организации ќе бидат препознаени како партнери од јавниот сектор.
Дополнително, мрежата ИРИС има за цел да овозможи активно граѓанско општество кое ќе учествува во јавната дебата за демократијата, човековите права, социјалната инклузија и владеењето на правото со доволен капацитет да влијае врз процесите на креирање политики и одлучување.
Во моментов, мрежата собира 203 организации - членки кои нудат различни видови социјални услуги за лица со посебни потреби, деца, ранливи млади и жени, жртви на насилство, Роми, мигранти и баратели на азил и други членови на ранливи социјални групи.
Основните вредности на мрежата ИРИС се засновани на:
- Солидарност
- Еднаквости
- Учество
- Социјална одговорност
- Персонализирани услуги
Младински Совет Прилеп со своето членство во ИРИС мрежата ќе овозможи:
- Придонес кон активна социјална инклузија и социјална кохезија преку промовирање на недискриминација, родова еднаквост, здравствена заштита, високи животни стандарди и квалитет на живот;
- Еднакви можности за сите и да се подобрат капацитетите на поединците за активно учество во општеството;
- Почитување на правата на корисниците и развој на персонализирани услуги, како и услуги приспособени на специфични ситуации и култури;
- Промоција на отворено, транспарентно, демократско и инклузивно управување, борба против корупцијата и клиентелизмот;