Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Како до силна врска меѓу менторите и волонтерите?

Како до силна врска меѓу менторите и волонтерите?

Младински Совет Прилеп учествуваше на Обука за ментори.

Со цел да ги зајакне капацитетите на сегашните и идни ментори, и да им помогне во поуспешна работа со волонтерите од програмата Европски Солидарен Корпус, Младински Совет Прилеп учествуваше на Обука за ментори, организирана од страна на Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на младинските работници во областа на менторството преку споделување на добри практики и идеи, да се подигне квалитетот на менторство во рамките на структурата за поддршка на програмата Европски Солидарен Корпус, притоа нудејќи одличен квалитет на волонтерите на ЕСК.

Дел од приоритетите на обуката беа:

  • Развивање на силна врска помеѓу менторите и волонтерите
  • Изнаоѓање на нови начини за мотивирање и инспирирање на волонтерите
  • Обучување на менторите на различни алатки и методи за поддршка
  • Обезбедување простор за споделување искуства и добри практики меѓу менторите
  • Проширување на мрежата помеѓу организациите кои работат со Европски Солидарен Корпус
  • Поддршка на новите и повратните волонтери на ЕСК.

Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.