Волонтерскиот тим на Младински Совет Прилеп беше дел од младинска размена „Connextion-s“ во Лиаж, Белгија со учесници од Франција, Белгија и од Тунис.
Целта на младинската размена беше да се зајакне младинскиот активизам преку интеркултурни искуства и дигитални алатки.
Младите преку динамични, забавни и едукативни игри учеа за дигитални алатки со кои можат полесно да се поврзат и да комуницираат со другите.
Проектот Connexion·s Коалиција СЕГА го спроведува партнерски со Engage es determinees (Франција), Eclosio (Белгија) и Tunisian Forum for Youth Empowerment (Тунис) во рамки на Еразмус + програмата, Клучна Акција 2 - Партнерства за соработка.