Младински Совет Прилеп како организација со Ознака за квалитет од програмата Европски Солидарен Корпус присуствуваше на Годишен настан спроведен од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
На настанот кој се одржа во периодот од 30.11.2022 година до 01.12.2022 година во Маврово се презентираа добри и лоши практики во имплементација на волонтерски проекти чија цел беше да се идентификуваат добри примери кои може да бидат искористени од другите организации и лоши искуства за кои се дискутираше како да се надминат во иднина.