Програмата Еразмус+ продолжува да биде од суштинско значење за развојот на младинските и образовни програми, а обуките за младински работници се само една од многуте мобилности кои ги овозможува оваа програма.
Во периодот од 09 – 15 август 2023 година во Струга, Младински Совет Прилеп спроведе обука за младински работници ,,Youth Participation in democratic life‘’.
Обуката беше фокусирана на поттикнување на квалитетно младинско учество во демократските општества преку подобро разбирање за тоа зошто е младинското учество, како и кои се неговите фактори на поддршка и овозможување.
Оваа обука им овозможи на 15 младински работници од Македонија, Црна Гора, Турција и Романија да размислуваат за значењето и влијанието на младинското учество во демократските општества.
Учесниците, преку различни работилници и дискусии, разговараа за начините како младите луѓе можат да се вклучат и влијаат во демократските процеси и одлуки во нивните земји. Тие изразија задоволство од искуството и знаењата што ги стекнаа, со мотивација тоа да го споделат во своите заедници и да продолжат да работат на подобрување на младинското учество во своите земји.
Обуката се организира во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Национална агенција за образовни програми и мобилност.
Проектот се имплементира од страна на Младински Совет Прилеп во партнерство со System and Generation од Турција, ATIC Galati од Романија и NVO PRIMA од Црна Гора.
Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.