Добредојдовте на страната на Младински Совет Прилеп!

Вести

Меѓународна младинска размена „Rural Youth Activism for better Green Community“

Меѓународна младинска размена „Rural Youth Activism for better Green Community“

Младински Совет Прилеп во периодот од 24 до 30 мај 2023 година спроведе меѓународна младинска размена “Rural Youth Activism for better Green Community” во Струга.

20 млади од 2 различни држави со различни култури и една прекрасна локација во Македонија, е одлуката на Еразмус+ Младинска Размена „Rural Youth Activism for better Green Community“, која се одржа во Струга во периодот од 24 до 30 мај 2023 година.

На размената,  фокусирана на промоција на активности за заштита на животната средина, промоција на зелени навики и национални практики за подигање на еко свест, младите од Македонија и Словачка имаа можност преку различни методи, техники и алатки да разменуваат идеи и искуства за чиста и одржлива средина.

Целите на младинската размена беа:

  • Да се зголеми учеството и активизмот на руралните млади преку дигитални алатки заедно со нивните врсници од 2 европски земји.
  • Да се поттикне интеркултурното учење кај младите од руралните средини, кои живеат во 2 различни земји, преку промовирање зелени практики и еколошки одржливо и одговорно однесување меѓу учесниците.
  • Да се зајакнат дигиталните вештини на руралните млади со користење на дигитални платформи во активностите за младинско учество и активизам.

Оваа размена несомнено им пружи неограничена поддршка на младите, пренесувајќи ги новостекнатите идеи и искуства во своите земји со цел да поттикнат иницијатива да го направат општеството подобро место за живеење.

Младинската размена се организира во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Проектот се имплементира од страна на Младински Совет Прилеп во партнерство со ADEL Slovakia.

Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“ не можат да сносат одговорност за нив.


Print   Email

Publish modules to the "offcanvs" position.