Една од главните активности на Младинската размена во Струга беше пишувањето Новинарски записи.
Во многу делови од светот, довербата во медиумите и во новинарството е кревка и во опаѓање. Овој тренд е неминовно поврзан со намалената доверба во институциите што претставува вообичаена и честа појава во многу општества. Сепак, обемноста и опсегот на дезинформациите и мисинформациите, облечени во рувото на вести дистрибуирани преку социјалните медиуми, како зараза се заканува дополнително да го наруши угледот на новинарството. Тоа има последици врз новинарите, медиумите, граѓаните и врз отворените општества.
Темите на кои што беше потребно учесниците да пишуваат новинарски запис беа тесно поврзани со темите на сесиите на Младинската размена: Медиумска и информациска писменост, Спротивставување на дезинформациите и Позитивните наративи како суштинска алатка за борбата против дезинформациите.
Во време кога постојано сме опкружени со различни медиуми, неопходно е да умееме да се справиме со неконтролираниот наплив на информации. Исто така, во ова море од информации и медиуми, ние треба да сме свесни и за бројните ризици со кои може да се соочиме и затоа треба да знаеме како безбедно да ги користиме, да ја заштитиме приватноста во виртуелниот свет. Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на свесноста.
Секој учесник поединечно подготви по 1 новинарски запис на темите кои што беа клучни за Младинската размена.
Доколку сакате да дознаете повеќе за ставовите и мислењата на учесниците во однос на медиумската и информациската писменост, за борбата и справувањето со дезинформациите, скенирајте го следниот QR код.
Младинската Размена која се одржа во Струга, хотел Амбиент во периодот од 24 Јуни до 1 Јули е дел од проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“.
Проектот се спроведува во партнерство со Stowardzyszenie Edukacja Prez Internet од Полска, System and Generation од Турција и Prosec од Шпанија и истиот е финансиран од програмата Erasmus+, Клучна акција 1.
#EuropeanYearOfYouth #youth #youthexchange #journalisticarticle